Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека ќе стори се што е можно за да се назначи официјалната влада на земјата на најбрз начин.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, најраниот датум за ова е 11 мај, вторник.
Според Радев, составот на владата ќе биде избалансиран, така што „привремената влада ќе има многу краток мандат, очекувањата се големи, одговорностите се високи и станува збор за рамнотежа, да се најде најдобрата екипа, која ќе комбинира на оптимален начин да ја исполни оваа тешка задача“.
Радев: предвремени избори во Бугарија на 11 јули
Се очекува во вторник Радев да издаде указ за распуштање на 45-то Национално собрание и да ги закаже предвремените парламентарни избори на 11 јули. Со тоа официјално ќе започне и работата на новата Централна изборна комисија.