Во интервју за гркиот весник Катимерини премиерот Зоран Заев вели дека и покрај позитивните извештаи од Европската Комисија и покрај Договорот за добрососедство со Бугарија, сепак поради ветото од Софија, Северна Македонија не ги започна преговорите со ЕУ.
„Во 21 век да ја одредуваш историјата на друга нација не е во согласност со европскиот дух, бидејќи треба заедно да градиме иднина. За Северна Македонија, за македонскиот народ, за сите граѓани на нашата земја, било каква интервенција во македонскиот идентитет е неприфатлива. Процесот трае веќе подолго време, не сакаме да запреме и нема да запреме, но нема да ги ставиме во опасност нашето достоинство и нашиот идентитет. Верувам дека ќе најдеме заеднички решенија со
Бугарија и ќе изградиме квалитетна иднина за нас и за идните генерации, објаснува премиерот, потенцирајќи дека минатото не треба да се заборави, но „треба да се градат мостови на соработка меѓу сите балкански земји, бидејќи тоа е единствениот пат што води до успех“, вели Заев во инервјуто.
Планот А за ЕУ не функционира, план Б нема
Тој истакнува дека Грција останува „силен медијатор и поддржувач“ на европскиот пат на нашата земја, нешто за што добил уверување и грчкиот премиер.
Заев вели дека три години по попишувањето на Договорот од Преспа може да каже дека и кај нас и во Грција се поклопила „силната политичка волја на лидерите и нивните соработници за промена на сликата на Балканот“.