Трифонов: Бугарија мора да биде лојален сојузник на ЕУ и НАТО

Слави Трифонов

Лидерот на „Има таков народ“, Слави Трифонов, во своето прво интервју од летото 2020 година, за Бугарското национално радио изјави дека „кога – тогаш“ ќе стане бугарски премиер ако неговата партија победи на предвремените избори на 11 јули.

Партијата „Има таков народ“, според Трифонов, влегла во политиката поради референдумот и особено, за неисполнетите барања на бугарските граѓани.
Сепак, тој избегна директен одговор на прашањето со кои партии е можно да се формира коалиција во новото Национално собрание, велејќи дека тоа ќе стане јасно по 11 јули.

Радев: предвремени избори во Бугарија на 11 јули

Тој ја опиша Бугарската социјалистичка партија како „најслабата опозиција во последните 30 години“. Во однос на надворешно-политичката ориентација на Бугарија – НАТО и ЕУ или Русија, Слави Трифонов рече дека членството на Бугарија во двата сојуза е правилна одлука и земјата мора да биде „лојална, конзистентна и принципиелна“.