Министерот за здравство Венко Филипче денеска јас прими првата доза од вакцината против корона вирусот на кинескиот производител "Синофарм" во вакциналниот пунк во спортската сала "Борис Трајковски".
Филипче им порача на сите граѓани да се пријават на сајтот за вакцинација или преку „Мој термин“, како безбеден начин за заштита од опасниот коронавирус.
" Штотуку ја примив вакцината на „Синофарм“ и уште еднаш апелирам до граѓаните да не се плашат, бидејќи сите вакцини се безбедни и сигурни. Вчера беа вакцинирани околу 10.000 граѓани во земјава, вакцинацијата одлично се спроведува. Ние одлучивме Владата да биде една од институциите која ќе се вакцинира веднаш по Собранието, па затоа сите министри во овој период добија свој термин и таа национална стратегија се темели на националните стратегии на другите земји во светот", рече Филипче.
Досега според министерот 24 илјади граѓани се ревакцинирани со една од вакцините кои пристигнаа во земјава, а над 100 илјади граѓани примиле една доза од вакцините.
Со набавката на новите количества на вакцини, Филипче очекува процесот на имунизација непречено да се одвива и наредниот период.
Премиерот Заев прими вакцина од кинескиот Синофарм
Вчера и претседателот на Владата Зоран Заев на вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“ се вакцинираше против коронавирусот со вакцина од кинескиот производител „Синофарм“.