Совет на амбасадори: Загрижени сме од најавите на Вархеји

Илустарција. Знамиња. Западен Балкан и ЕУ

„Совет на Амбасадори“, во кој членуваат повеќе поранешни дипломати од земјава, денеска преку соопштение искажа загриженост и вчудовиденост во врска со најавата на комесарот за проширување Оливер Вархеји кој за време на неговата турнеја по земјите на Западен Балкан изјави дека е можно Северна Македонија и Албанија да бидат поделени во нивниот пат до полно членство во Европската Унија ако С Македонија и Бугарија не најдат заеднички јазик во решавањето на спорот околу идентитетските прашања.

"Советот на Амбасадори не верува дека изнесениот условен став на комесарот Вархеји може да биде и став на Унијата. По оваа проблематика пред две години негативно се изјаснија некои земји членки на Унијата и не веруваме дека постојат сериозни причини ЕУ да го промени ставот", се наведува во соопштението.

Вархеји: Можно е раздвојување на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ

Советот на Амбасадори, е на ставот дека прогресот кон полноправното членство во Унијата на земја кандидат не смее да биде во заложништво на ветото на една земја членка кога се однесува до билатералните нерешени прашања.

Од Советот на амбасадори сметаат дека реализирањето на таквата можна опција ќе даде негативни импликации за земјата и за регионот, ќе го зголеми степенот на евроскептицизмот и песимизмот кај граѓаните и непотребно ќе го оддолжи патот на Република Северна Македонија кон полноправното членство во Унијата.

Можноста за раздвојување на Македонија и Албанија, Вархеји ја најави за време на посетата на Скопје во вторникот.