Судењето за петмина од обвинетите за случајот „Двојник“, за нелегално издавање пасоши на странски државјани денеска продолжи во Основниот кривичен суд во Скопје.
На денешното судење уште еден обвинет, од вкупно 11, кој е вработен во МВР, призна вина во случајот „Двојник“. Шемседин Јашари рече дека се чувстува виновен.
Судот уште денеска му изрече пресуда во висина од една година од седум месеци и забрана да работи во МВР следните десет години.
Ова е шести обвинет за злоупотреба на службената положба и овластувања кој призна вина во случајот "Двојник"
Изречени првите пресуди за случајот „Двојник“
На првото рочиште од обвинетите 11 лица, петмина признаа вина, а постапката беше раздвоена за обвинетата Наздрие Зековиќ, која од здравствени причини не беше присутна, а која преку својот бранител најави признание на вина.
Постапката продолжува и за обвинетите Фарук Буки, Весна Колевска, Оливера Софрониевска, Бранислава Владичевска. Тие на претходното рочиште рекоа дека не се чувствуваат виновни за делото кое им се става на товар.
Случајот го води судијката Оља Ристевска, а застапник на обвинението е Спасенка Андонова.
Според обвинението, во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година, биле издадени пасоши на 214 странски и еден македонски државјанин
Во случајот обвинети се 11 лица, од кои десетмина вработени во Одделението за управни работи во МВР се товарат дека го сториле кривичното дело продолжена злоупотреба на службената положба и овластување, а едно лице е обвинето за поттикнување.