САД не ги признаваат „сферите на влијание“, и на тоа гледаат како на идеја „која требаше да биде повлечена по Втората светска војна“, изјави државниот секретар Антони Блинкен за РСЕ во Киев, наведувајќи дека поимот да се има сфера на влијание е концепт што требаше да се повлече по Втората светска војна. „Ние не го прифаќаме принципот на сфери на влијание. Принципот дека друга земја не може едноставно да ги менува границите на својот демократски сосед со сила; принципот дека друга земја нема право да ѝ каже на земјата каква треба да биде нејзината политика - тоа се принципи што се играат овде, во Украина, со дејствијата на Русија. Но, тие се исто така релевантни за многу други делови на светот“, рече Блинкен.
Блинкен ја потврди американската поддршка за Украина
Според него, тоа е рецепт за меѓународен систем што се распаѓа. „Тоа е рецепт не за соработка, туку за конфликт. И тоа е многу лош рецепт на кој сме решени да му се спротивставиме“, вели американскиот државен секратр кој во Киев најави дополнителна американска поддршка на Украина.