Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ изјави дека неговата влада нема да апси свештеници за непочитување на епидемиолошките мерки и рече дека „не може сè да се сведе на приказната дека постои само земен свет“. „Ако мислевте дека оваа влада ќе апси свештеници, мислам дека не сте во право“, рече Кривокапиќ, коментирајќи го непочитувањето на епидемиолошките мерки за време на велигденските празници.
Русија може да има корист од кризата во Црна Гора
На прашањето кој е одговорен за почитување на строгите епидемиолошки мерки, тој рече дека сè не треба да се сведува на приказната дека постои само земен свет. „Тоа не е точно, фактот дека тие нè научија на тој начин во последните 50 или 70 години е една приказна. Ако нема духовен свет, тогаш најдобро е да не се однесувате вака и да создавате општ хаос“, изјави Кривокапиќ, кој е близок до Српската православна црква, додаде дека треба да се чита Библијата. Црногорскиот премиер е голем верник на Српската православна црква и беше близок со покојниот митрополит Амфилохије. Тој ја започна својата кампања пред изборите во еден од манастирите.