Американскиот претседател Џо Бајден изрази надеж дека ќе го одржи предложениот самит со рускиот претседател Владимир Путин за време на неговото патување во Европа во јуни. „Тоа е мојата надеж и очекување. Ние работиме на тоа“, изјави Бајден по говорот за реакцијата на САД на коронавирусот. За своето прво прекуокеанско патување откако ја презеде функцијата во јануари, Бајден планира да им се придружи на другите лидери на Г7 на самитот во Британија, закажан за 11-13 јуни. Потоа ќе престојува во Брисел за да учествува на самитот на НАТО на 14 јуни и да присуствува на состанокот ЕУ-САД.
Вашингтон и Москва ги продолжуваат разговорите за самитот Бајден-Путин
Бајден во април понуди состанок во трета земја за да се разговара за тензиите во врска со воените закани кон Украина, сајбер нападот врз американските компјутери и третманот на Русија кон затворениот опозициски активист Алексеј Навални. Највисокиот соработник на Путин за надворешна политика, Јуриј Ушаков, изјави дека во тек е планирање на средба лице в лице меѓу двајцата претседатели. „Се спомнува јуни, има дури и конкретни датуми“, рече Ушаков. Русија во минатиот месец прогласи 10-мина вработени во американската амбасада во Москва за персона нон-грата во, како што соопшти, одговор на протерувањето на Вашингтон на 10 руски дипломати и санкциите, заведени за дејствијата против Соединетите држави и нивните интереси.
Бајден изјави дека сака да избегне ескалација со Русија
Бајден во повеќе наврати изјави дека иако ќе биде цврст кон Русија во врска со какви било непријателски политики, но и оти сака да соработува каде што двете страни имаат заеднички интереси.
САД ќе разговараат со СТО за интелектуалната сопственост за вакцини за ковид-19
Претседателот Бајден претходно објави нова цел, односно да се вакцинираат 70% од возрасните во САД со најмалку една доза против ковид-19 до 4 јули, кога е празникот на Денот на независноста на САД. „Ако напредуваме кон оваа цел, се повеќе Американци ќе добијат заштита од ковид-19 и Америка ќе направи сериозен чекор кон враќање во нормала“, изјави Бајден