Соединетите држави и ЕУ изразија поддршка за територијалните граници на Босна и Херцеговина, кои беа ставени под знак прашалник во документот што циркулираше меѓу претставниците на ЕУ. Амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд во Советот за безбедност изјави дека позицијата на САД во врска со мировните договори во Дејтон од 1995 година и иднината на Босна и Херцеговина како „единствена држава“ останува непроменета. Ирска и Естонија, кои не се постојани членки на Советот за безбедност, ѝ се придружија на Франција во потврдувањето на нивната „непоколеблива поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет“ на Босна.
Германија и Франција за новиот „нон-пејпер“: не е оригинален документ
Изјавите следат по извештаите дека меѓу официјалните претставници на ЕУ циркулирал документ со кој се предлага прецртување на границите на Западен Балкан за спојување на Косово со Албанија и за вградување на делови од Босна во Србија и Хрватска за да се помогне интеграцијата на регионот во ЕУ Словенечка веб-страница за вести минатиот месец го објави документот, наводно испратен до ЕУ од словенечкиот премиер Јанез Јанша. Јанша го негираше тоа. Официјални претставници на ЕУ и САД ја отфрлија идејата за прекројување на границите на Западен Балкан откако беа објавени извештаи за документот.