Австрија против одвојување на С.Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

Знамиња на ЕУ и на Северна Македонија

Сојузната министерка за Европа и Устав на Австрија, Каролине Едштадлер по денешната средба со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров изјави дека Северна Македонија и Албанија треба заедно да го продолжат пристапниот процес кон ЕУ.

„Ние сакаме Албанија и Северна Македонија заеднички да добијат реална перспектива во Европската унија. Ние сме на мислење дека ќе биде ризично и во секој случај ќе треба да се спречи овие две земји во овој прцес да ги разделиме. „Леавинг но оне бехинд“ или неоставањето никој назад во преговорите ќе треба да остане како девиза“, рече министерката Едштадлер.

Во однос на спорот со Бугарија таа изрази надеж дека Северна Македонија ќе остане конструктивна и активна и ќе влијае проблемот да се реши и да се одржи меѓувладина конференција за двете земји.

Вицепремиерот Димитров порача дека ставот на Австрија за европските интеграции е став на многу земји членки на ЕУ.

„Како што сега го чувме ставот на Австрија, вчера имавме прилика да го чуеме и ставот на Германија преку министерот Хајко Мас, а пред неколку дена го имавме и словачкиот претставник во ГАК со истот став. Мислам дека огромно мнозинство земји членки имаат став дека двете земји ги исполнуваат условите и оти е крајно време да имаме две меѓувладини конференции и за Северна Македонија и за Албанија“, рече вицепремиерот Димитров.