Започнува масовната имунизација на населението, во повеќе регионални центри низ државата – Скопје, Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола. Предвидено е да се вакцинираат меѓу 10 до 15 илјади граѓани на ден, со што здравствените власти очекуваат до почетокот на летото да се постигне висок процент на вакцинирано население и целосно менување на епидемиолошката состојба. Во меѓувреме бројот на заболени се намалува и со тоа и притисокот врз болниците, по што Главниот координативен кризен штаб предложи од среда полицискиот час да почнува од 23 часот и да трае до 05 часот наредниот ден, а летните тераси и градини на угостителските објекти да работат до 22:30 часот. Овие предлог-мерки треба да бидат разгледани на следната седница на Влада и би биле со важност од 5 мај 2021 година.
Филипче: Ќе овозможиме да се вакцинираат над 10 000 граѓани дневно
Вчера беа регистрирани 62 новозаболени и 398 оздравени пациенти, откако на 2 мај имаше 105 новозаболени и 403 оздравени пациенти, на 1 мај 214 новозаболени и 305 оздравени, а на 30 април 365 новозаболени и 594 оздравени. по што од денеска со нив ќе почне масовната вакцинација на населението. Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 152.747, бројката на оздравени пациенти е 133.871, на починати е 4.961, а бројот на активни случаи изнесува 13.915.