Г7 бара единство во спротивставувањето на заканите за глобалниот поредок

Шефот на британската дипломатија Доминик Рааб (Л) и американскиот државен секретар Антони Блинкен пред нивниот билатерален состанок во Лондон, на 3 мај 2021 година за време на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7.

Британија денеска ќе побара одлучна акција од партнерите на Г7 за да ги заштити демократиите од глобални закани, како што се Кина и Русија. Ова го изјави британскиот министер за надворешни работи Доминик Раaб наведувајќи дека претседателството на Велика Британија со Г7 „е можност да се демонстрира единство во време кога е многу потребно за справување со заедничките предизвици и зголемените закани“. Рааб ќе ги води разговорите меѓу министрите за надворешни работи на Г7 за закани по демократија, слободи и човекови права на вториот ден од нивниот состанок во Лондон, дизајниран да ги постави темелите на самитот во јуни.

EУ: Русија и Кина сејат дезинформации за поткопување на довербата во западните вакцини

Британија на состанокот гледа како шанса за зајакнување на поддршката за меѓународниот систем во време кога економското влијание на Кина и малигната активност на Русија се закануваат да го поткопаат. Пред денешните состаноците, германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас предупреди дека „авторитарните држави ширум светот се обидуваат да не играат едни против други“ и дека кршењето на меѓународното право станаа вообичаени.