Во пожарот кај Галичник зафатени 1О хектари шума

Galicnik

Во пожарот кај селото Галичник – општина Маврово и Ростуше кој избувна вчера околу 13 часот беа зафатени околу 10 хектари шума . Оваа за Радио Слободна Европа го изјави директорот на националниот парк ,,Маврово,, Самир Ајдини кој додаде дека 6,6 хектари биле со смрека ,како и приземна вегетација низ борова шума и одредена површина со бор.

Директорот на паркот Ајдини изјави дека станува збор за територија која е дел од националниот парк Маврово , и додаде дека пожарот бил пријавен во 13 часот. Според него пожарот бил целосно изгаснет околу 22 часот , и во гаснењето покрај противпожарната служба , специјалната единица на АРМ учествувале екипа на националниот парк Маврово составена од шумари со возила и опрерма за гасење на пожари .

На територијата на националниот парк Маврово денеска состојбата е стабилна и не се забележани нови пожари .

Со помош на АРМ изгаснат е пожарот во Галичник

Месната заедница на социјалните мрежи изутрината соопшти дека противпожарните екипи со помош на припадниците на Армијата, успеале во текот на вечерните часови да ги изгаснат сите жаришта од вчерашниот пожар.