Со помош на АРМ изгаснат е пожарот во Галичник

Илустрација.Пожар

Изгаснат е големиот пожар кој вчера до доцна во ноќта гореше на непристапен терен над селото Галичник.

Месната заедница на социјалните мрежи соопшти дека противпожарните екипи со помош на припадниците на Армијата, успеале во текот на вечерните часови да ги изгаснат сите жаришта.

Хеликоптер на АРМ ќе се справува со пожарот над Галичник

Центарот за управување со кризи, соопшти дека пријавата за пожарот ја добиле вчера во 13.30 часот

"Утрово во Галичник е мирно. Извид на лице место направи пешадиска единица од земја и воздухопловен Винг - воздухопловната единица на АРМ со два хеликоптери од воздух. Сите жаришта се згаснати", наведуваат од ЦУК.

Според ЦУК од пожарот зафатeна била борова шума на непристапен терен, а поради силниот ветар имало потенцијална опасност за селото и куќите во Галичник. Бил ангажиран и хеликоптер на АРМ за да помогне во гаснењето на пожарот.