На инфективните оддели низ земјава се лекуваат вкупно 1085 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, a во ковид-центрите има 757 празни болнички кревети, соопшти денеска Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 22 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, со што на инфективните оддели во главниот град вкупно се лекуваат 468 ковид пациенти од кои голем дел се на кислородна поддршка.
" Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 11 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 4 примени пациенти и 4 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, a на Клиниката за Детски болести имало два приеми. На Институтот за физикална медицина исто така немало примени", се наведува во соопштението.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 11 оздравени пациенти.
Според Министертсвото, бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот на скопските клиники имало 290 слободни места.
Во исто време, во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 617 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.