Починале 45 луѓе од коронавирус, најмладиот на 34 години

Илустрација

Во изминатото деноноќие се регистрирани 105 нови случаи на коронавирус во Македонија, а 45 луѓе починале, информира Министерството за здравство. Од овие 45, 20 се починати во периодот од 29 март до 10 април, но денеска се пријавени.

Починатите се на возраст од 34 до 93 години.

Направени се 946 тестови.

Најголем број нови случаи се регистрирани во Скопје - 55, во Битола има 15, Тетово 9, Струмица 6, Куманово и Кавадарци по 3, Велес и Охрид по 2, и Прилеп, Гостивар, Штип, Кочани, Кичево, Неготино, Ресен, Дебар, Пробиштип и Македонска Каменица по нов случај.

Оздравени се 403 луѓе.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.685, бројката на оздравени пациенти е 133.473, на починати е 4.936, а бројот на активни случаи изнесува 14.276.