„Пред нас има голема одговорност. Ние треба да ги направиме реалност сите соништа на загинатите херои. Постигнавме многу, но пред нас има уште многу работа да се направи“, рече денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети на одбележувањето на 20-годишнината од воениот конфликт во државата во 2001 година.
ДУИ нема да престане со напорите и ангажманот „во остварување на идеалите на многу генерации, кои се жртвува за подобри денови“, рече Ахмети, кој денеска престојуваше во село Слупчане во Општина Липково,придружуван од министри и пратеници на ДУИ.
На 2 мај, 2001 во Липково започна судирот меѓу припадниците на ОНА и македонските вооружени сили. На воениот конфликтот му беше ставен крај со потпишувањето на Рамковниот договор во Охрид во август истата година. Дел од борците не ОНА се трансформира во политички субјект, а во 2002 беше формирана ДУИ, на чело со Ахмети.