Северна Кореја денеска ја оцени американската дипломатија како „лажна“ и ја одби понудата за преговори со Вашингтон, објави официјалната севернокорејска новинска агенција КЦНА.
Оваа изјава доаѓа откако американската администрација соопшти дека претседателот Џо Бајден е за „отворена дипломатија“ со Северна Корена во врска со денуклеаризацијата, пренесува АФП.
Дипломатијата за САД составила „лажен документ“ кој треба „да ги прикрие нивните непријателски дела“, се истакнува во соопштението на севернокорејското Министерство за надворешни работи.
Воедно се предупредува дека Бајден со својот „застарен“ став кон нивната држава прави „голема грешка“.
Во посебна изјава, исто така објавена од агенцијата КЦНА, Министерството го обвинува американскиот претседател дека го навредил севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, додавајќи:
„Доволно ги предупредувавме САД да може да сфатат дека ќе претрпат штета ако нè провоцираат“.
Бајден во средата во Конгресот рече дека „со дипломатија и остро одвраќање“ ќе ги ограничи нуклеарните амбиции на Пјонгјанг.
Преговорите на САД и Северна Кореја се во застој по неуспехот на вториот состанок на врвот на кој учествуваа тогашниот американски претседател Доналд Трамп и Ким Џонг-ун во Ханој во февруари 2019 година. Пјонгјанг продолжи со своите ракетни тестирања.