Бугарија оди на нови парламентарни избори откако социјалистите станаа третата партија што не успеа да формира влада по парламентарните избори кои се одржаа на 4 април.
Социјалистите, кои на изборите го освоија третото место, на 1 мај изјавија дека ќе го вратат мандатот што им го даде претседателот Румен Радев за да се формираат влада.
Претходно мандатот го вратија и ГЕРБ на премиерот во оставка Бојко Борисов и партијата „Има таков народ“ предводена на Слави Трифонов.
Според Уставот, ако националното собрание не успее да формира кабинет по три обиди, претседателот треба да го распушти парламентот, да назначи привремена влада и да закаже предвремени избори во рок од два месеци. Најверојатен датум за нови избори е 11 јули.