Киргистанските и таџикистанските власти постигнаа договор за примирје

Опожарен објект по судирите

Властите во Киргистан и во Таџикистан се согласија на повлекување на војската и, како што наведоа, целосен прекин на огнот по судирите на дел од порната граница меѓу двете земји, Насилствата се опишуваат како најлошите судири во последните неколку децении. Во судирот меѓу двете страни загинаа повеќе од 40 луѓе, меѓу нив и цивили, а десетици беа ранети.

Шефовите за национална безбедност на двете соседни земји од Централна Азија се согласија на прекин на огнот за време на состанокот на 1 мај.

„Трагедијата што се случи во пограничната област никогаш не смее да се повтори“, рече Саимумин Јатиев, шеф на Државниот комитет за национална безбедност на Таџикистан, додека стоеше покрај неговиот киргистански колега Камчибек Ташиев.

Делегациите од двете земји се состанаа во регионот Баткен по телефонскиот разговор меѓу киргистанскиот претседател Садир Јапаров и неговиот таџикистански колега Емомали Рамон.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров телефонски разговараше со неговите колеги во двете земји, повикувајќи ги да се држат до договорот за прекин на огнот, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
И во Киргистан и во Таџикистан им руските воени бази.