Голем број демонстранти се уапсени во Истанбул кога се обидоа да го одбележат 1 Мај со кршење на забраната за собирање што ја воведе Владата во рамките на анти-ковид мерките.
Најмалку 100 лица се уапсени додека се обидувале да стигнат до плоштадот Таксим и другите јавни простори во градот.
На 1 Мај во Турција традиционално критичарите на Владата излегуваат на улица и редовно има судири со полицијата.
Претставници на Адвокатската комора во Истанбул изјавија дека бројот на уапсени може да достигне 170 лица. Во Анкара се извршени најмалку 11 апсења.
Во Турција од 29 април во сила се строги анти-ковид мерки поради смртоносниот трет бран на пандемијата.