АстраЗенека испорачала 68 милиони дози на вакцината против Ковид19 во првите три месеци од 2021 година, јави агенцијата Асошиејтед прес. Англиско-шведската фармацевтска компанија заработила 275 милиони американски долари од продажбата на вакцината, чија една доза чини 4,04 долари.
Компанијата соопшти и дека 30 милиони дози биле испорачани во Европската унија, 26 милиони во Обединетото Кралство, седум милиони во програмата ГАВИ која обезбедува вакцини за сиромашни земји и пет милиони во други земји.
Вакцината беше развиена од истражувачите на универзитетот Оксфорд. Грижите дека АстраЗенека може да се поврзе со ретки случаи на тромб доведе до тоа некои земји да препорачаат да не се користи за помладата популација.