НАТО соопшти дека започна повлекувањето на силите од Авганистан. „Повлекувањето започна. Тоа ќе биде уреден, координиран и добро осмислен процес. Безбедноста на нашите војници ќе биде врвен приоритет и ние ги преземаме сите потребни чекори за да го обезбедиме нашиот персонал“, рече еден неименуван претставник на НАТО, кој не го наведе бројот на војниците кои се повлекуваат. Според него, НАТО „енергично ќе одговори“ на секој напад на талибанците за време на повлекувањето.
Бајден: Вашингтон ја исполни целта - Авганистан веќе не се користи за напад врз Америка
Кон средината на април, НАТО одлучи да започне со повлекување на своите сили на 1 мај. Претседателот на САД Џо Бајден, претходно оцени дека мисијата во Авганистан е исполнета и дека повлекувањето на американските војници треба да заврши на 11 септември, на 20-годишнината од терористичките напади врз Соединетите држави. Земјите кои се најмногу вклучени во мисијата во Авганистан се САД (2.500 војници), Германија (1.300), Италија (895), Велика Британија (750) и Турција (600).
Германија планира повлекување на војниците од Авганистан до 4 јули?
Мисијата „Одлучна поддршка“ имаше за задача да ги обучи авганистанските безбедносни сили за да можат да ја обезбедат безбедноста на нивната земја по заминувањето на странските трупи. Талибанците продолжуваат да претставуваат закана бидејќи ги засилија нападите врз полицијата и војската во последните неколку недели. Многу аналитичари веруваат дека повлекувањето на силите на НАТО може да предизвика нова граѓанска војна во Авганистан или да им овозможи на талибанците, кои беа протерани кон крајот на 2001 година, да се вратат на власт.