Киргистанските власти објавија дека се договориле со Таџикистан за прекин на огнот по граничните конфликти при што загина четири лица, а 32 беа повредени. „По разговорите меѓу шефовите на дипломатиите на двете земји, беше договорено примирје, кое стапи на сила во 20 часот по локално време, како и повлекување на војниците“, се вели во соопштението на киргистанското Министерство за надворешни работи.
На референдум одобрен нов устав на Киргистан
Објавувањето дојде неколку часа по размената на оган во таџикистанската енклава Ворух во Киргистан, зона на постојана напнатост околу проблемите со пристапот до водите меѓу двете сиромашни поранешни советски републики. Пред прекинот на огнот, двете страни се обвинија едни со други за конфликтот.