Синофарм ќе достави 200.000 вакцини

Денеска во Северна Македонија ќе пристигне испорака на 200.000 кинески вакцини „синофарм“, соопшти Министерството за здравство. Вакцините се купени во директни преговори со кинескиот производител, а во Скопје ќе пристигнат околу 7 часот. Најголемиот контингент вакцини досега ќе пристигне со авион во Белград, од каде што ќе биде пренесен во Скопје со специјален камион.

Филипче: Ќе овозможиме да се вакцинираат над 10 000 граѓани дневно

Вакцините во скопската поликлиника „Јане Сандански“ ќе ги дочекаат министерот за здравство Венко Филипче и кинескиот амбасадор Џанг Sуо. Филипче претходно најави дека масовната имунизација со кинески вакцини ќе започне веднаш по празниците и дека очекува 10.000 граѓани на ден да бидат вакцинирани. Според информациите објавени од Филипче, досега околу 60.000 лица биле вакцинирани против коронавирус во северна Македонија.