Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денеска се појави на суд и во своето обраќање го обвини рускиот претседател Владимир Путин, дека се обидува да управува со Русија засекогаш и дека тој се грижи само за „зајакнување на моќта“.
Тоа е прво појавување на опозицискиот политичар во јавноста, откако тој започна да издржува затвор од две и пол години затвор за, како што се претпоставува, измислени обвиненија, кои се поврзани со неговата жестока критика кон политиката на Кремљ.
Неговите забелешки во судницата во Москва уследија по новиот правен притисок врз Навални и неговите движења, во жалбено рочиште против пресудата со која тој беше прогласен за виновен за клевета против ветерани од Втората светска војна. Навални го искористил тоа за да ги критикува Путин и рускиот судски систем. Во еден момент го прекинал судијата и добил опомена.
„Сакам да му кажам на драгиот суд дека вашиот цар е гол“. Милиони луѓе веќе викаат за тоа, бидејќи тоа е очигледно ... Неговата круна виси и се лизга“,изјавил Навални.
Судијата ја одбил жалбата на Навални.
Близок соработник на Навални вели дека неговите организации ќе се распуштат
Неговите соработници порано соопштија дека тој се соочува со нови кривични пријави и дека биле принудени да ја расформираат неговата мрежа на регионални канцеларии за кампања, кои властите сакаат да ги забранат како „екстремистички“.
Според Би-Би-Си, Навални се обратил од затворот преку видео врска. Тој се појавил пред судот со избричена глава, велејќи дека е однесен во бањата за да изгледа „пристојно“ за испрашување. Во видеото ја откопчал затворската униформа за да открие маица која едвај го крие слабото тело.
"Се погледнав во огледало. Се разбира, јас сум само ужасен скелет", изјавил тој додавјќи дека сега има 72 кг, што е тежината за која вели дека ја имал на училиште.
Навални го заврши штрајкот со глад на 23 април, велејќи дека „постигнал доволно“, иако сепак побарал од матичните лекари да го прегледаат за акутни болки во грбот и нозете.