Бугарија протера руски дипломат поради експлозиите

Руска Амбасада во Софија

Рускиот заменик на военото аташе е прогласен за „персона нон грата“ вои Бугарија, објави на Фејсбук Амбасадата на Русија во Софија.

Претходно, бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека уште еден руски дипломат е прогласен за „персона нон грата“.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, вицепремиерката и министерка за надворешни работи во оставка Екатерина Захариева на средбата со руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова побара помош од Москва за расветлувањето на случаите со експлозиите во магацините за муниција во Бугарија.

„Бугарија сака да одржува еднакви и заемно корисни односи со Русија и во овој поглед инсистира на активна и ефективна помош од Русија за разјаснување на инцидентите на нејзината територија“, се наведува во соопштението на бугарското МНР.

Поврзаност на експлозиите во складишта за муниција во Бугарија и Чешка?

Захариева побара од Митрофанова да ги спречи руските дипломати да дејствуваат спротивно на Виенската конвенција за дипломатски односи.