Димитров: Ако годинава нема поместување во евроинтеграциите, губитник ќе биде и ЕУ

Никола Димитров

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров вели дека треба да се продолжи со разговор за наоѓање решение за спорот со Бугарија и почеток на преговори на земјава во ЕУ, во спротивно, нагласува, и двете земји и ЕУ ќе бидат губитници.

"Или сите ќе бидеме губитници или ќе бидеме сите победници. Се разбира ние имаме многу што да изгубиме ако повторно нема почеток на преговорите и нема успех. Меѓутоа мислам дека и Бугарија има многу што да изгуби, бидејќи ја пропуштаме приликата и таа треба да ја вратиме, да имаме вистинско блиско партнерство и соработка. Тоа не оди и не е компатабилно со блокирање на процесот со политиката на вето. Ќе изгуби многу и ЕУ. Ќе биде многу тешко зоборовите на ЕУ да бидат третирани со доверба и сериозност, не само кај нас, во целиот регион", рече Димитров одговарајќи на новинарско прашање по настан за донација од Словачка за Клиниката за детски болести.

Затоа, вицепремиерот за европски прашања, вели дека треба да правиме се да ги искористиме шансите како што ќе доаѓаат.

"Мислам дека има посветеност во Лисабон, португалското претседателство да се направи се што може. Инаку, ако одиме по избори и календарот на избори на земјите членки секогаш ќе има некаков проблем" нагласи Димитров.

Шекеринска: Не очекувам можен пресврт со Бугарија во јуни

Тој вели дека нема гаранции оти земјава ќе ги почне преговоритесо ЕУ во јуни.

"Нема гаранции да бидеме реални. Не сакам ни надежта којзнае колку да ја поткревам. Мое е да го кревам влогот и да бидам што е можно поискрен и дома и надвор, рече Димитров.