Шекеринска: Не очекувам можен пресврт со Бугарија во јуни

Радмила Шекеринска

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска изјави дека не очекува оти е можен пресврт до јунскиот самит во односите со Бугарија , без партнер од другата страна и со техничка влада во таа земја.

Таа ова го кажа одговарајќи на новинарско прашање дали можеме да се надеваме на позитивен одговор во јуни за почеток на преговорите со ЕУ, по промоцијата на новите 55 подофицери во скопската касарна „Илинден“.

“Има едне дел од обврски што не зависат од нас. Ние не можеме да ја избериме бугарската влада и не можеме да го создадеме преговарачот од другата страна. Тоа на што не можеме да влијаеме погрешно е да го прогнозираме", одговори министерката.

Но, таа додаде дека до јуни, треба да ги потсетуваме сите оти нашите обврски се исполнети и очекуваме ист тип посветеност и доследност и од ЕУ.

“Секој од извештаите на Европската Комисија, секој од извештаите во поглед на домашните реформи, вклучително и оној вчера од Фридом хаус, покажуваат дека клучните прашања заради кои како држава тапкавме во место, ние успеавме да ги придвижиме и секоја година да покажеме дека демократијата, човековите права, слободата на медиумите и владеењето на правото одат еден чекор напред", рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска.