Молдавската претседателка Маја Санду го распушти парламентот и распиша предвремени избори за 11 јули, непосредно откако Уставниот суд на земјата ја откажа вонредната состојба што законодавците ја одобрија. „Уставниот суд им го отвори патот на молдавските граѓани да изберат нов парламент“, рече Санду.
Про-ЕУ претседателката на Молдавија во тешкотии околу формирањето нова влада
Вонредната состојба, наменета да помогне во борбата против напливот на инфекции на ковид-19, ја спречи Санду да распише избори. Прозападната Санду рече дека во сегашното собрание на Молдавија доминираат луѓе кои се против нејзините напори да се справи со корупцијата и да ги спроведе потребните реформи.