Во пресрет на летната туристичка сезона, црногорската Влада објави дека на државјаните на Македонија, Србија, БиХ, Хрватска, Косово и Албанија ќе им биде дозволен влез во државата без негативен ПЦР тест за ковид-19 и без потврда за вакцинација.
Меѓу оние од кои не се бара проверка се и држави од источниот блок – Русија, Белорусија и Украина.