Еурактив: Вучиќ ги покри критиките од ЕУ во медиумите со сторија за инфраструктурата

Српскиот претседател Александар Вучиќ и високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги пренасочи критиките на ЕУ за влошената состојба на човековите права и слободи на медиумите во неговата земја преку послушните медиуми кои претпочитаат да се фокусираат врз инфраструктурни проекти, пишува бриселскиот портал Еурактив во преглед на посетата на српскиот претседател на Брисел. Според порталот, Вучиќ бил поканет да престојува во Брисел во знак на важноста на односите меѓу ЕУ и Србија, во време кога другите геополитички играчи, вклучително и Русија и Кина, вложуваат многу во ставањето на тој регион под нивната сфера на влијание.

Вучиќ со Мас: Србија е за компромисно решение со Косово

Иако високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел на заедничката прес-конференција со Вучиќ по нивната средба изјави дека му нагласил на српскиот претседател дека е потребен поголем напредок во однос на реформите и нивната имплементација, особено во владеењето на правото и медиумските слободи, српските медиуми се фокусираа врз железничкиот проект Белград-Скопје, за која ЕУ соопшти дека е подготвена да го поддржи. Инфраструктурата, сепак, не беше во центарот на разговорите, изјави извор за „Еурактив“, додавајќи дека српската страна очигледно „се обидела да ја прикрие пораката“. Според порталот, приказната за изградбата на пругата на границата со Македонија можеби била нешто на што треба да се привлече вниманието, бидејќи нема новини за проектот што е дел од планот на ЕУ за економски и инвестиции за Западен Балкан и датира од октомври минатата година. Исто така, проектот сè уште не е одобрен и сè уште не е поминат низ сите институции на ЕУ.