Насилството и вознемирувањето на работното место е значителна и постојана закана за здравјето и безбедноста на работникот, како и за продуктивноста и угледот на организацијата. Во јуни 2019 година, на стогодишната конференција на Меѓународната организација за труд, беа усвоени Конвенцијата за насилство и вознемирување и нејзината придружна препорака со која се повикува на забрана и спречување на насилство и вознемирување во светот на работата.
Работници до Владата - Доста е, претеравте
Како дел од кампањата за Светскиот ден за безбедност и здравје при работа оваа организација нагласува дека сеопфатната рамка за безбедност на работно место може да се справи со насилството и вознемирувањето. Ова предвидува, на пример, вклучување на одредби поврзани со насилство и малтретирање во законите и развој на специфични стандарди, кодекс на практики и упатства за поддршка на спроведувањето на програмите и превентивните мерки на работните места.