Здравствените власти денеска објавија дека се регистрирани 450 нови случаи позитивни на коронавирус од направени 2.878 тестирања, со што вкупниот број на заболени од почетокот на пандемијата се искачи на 151.122. Починати се 28 пациенти, а вкупната бројка на смртни случаи од Ковид-19 во земјава е 4.724 лица.
Во моментов во земјава има 15.470 активни случаи на коронавирус, од кои најмногу се во главниот град Скопје, соопшти Министерството за здравство.
Од новите позитивни на Ковид-19 најмногу се во Скопје 146, а потоа следуваат, Куманово 52, Битола 42, Прилеп и Охрид по 18, Тетово и Кочани по 17...
Денеска Институот за јавно здравје регистрира 1.001 оздравени пациенти.
Досега во Северна Македонија направени се вкупно 713.139 тестирања на Ковид-19. Излекувани се 130.910 лица од почетокот на епидемијата.