Логар: Не постои „фантомскиот нон- пејпер“

Не постои „фантомскиот нон пејпер“ изјави денеска словенечкиот министер за надворешни работи Анже Логар. Тој посочи дека не постои таков нон пејпер кој некои медиуми и го препишуваат на Словенија, додавајќи дека расправите околу наводниот документ им наштетиле на Словенија и на БиХ.

Логар на седницата на парламентарната Комисија за надворешна политика нагласил дека стратегијата на Словенија кон Западен Балкан не е променета и дека земјата вложила дополнителни напори, имајќи предвид дека подготовката за самитот ЕУ-Западен Балкан е главен приоритет на претстојното словенечко претседавање со Унијата.

„ Никој не очекуваше дека опозициските политичари ќе ја оцрнат својата земја, само за на некаков начин да и наштетат на државата. Тоа едноставно не постои во развиениот демократски менталитет“ изјави Логар.

САД против прекројување на границите на Балканот

ЕУ порачува: Прашањето за границите на ЗБ е засекогаш затворено

Неговата изјава е дадена на заедничката седница одржана по барање на опозицијата, по медиумските наводи дека словенечкиот премиер Јанез Јанша пуштил во јавност „нон-пејпер“ со стратегија за прекројување на границите по етнички линии на Балканот.