Велика Британија денеска ги објави првата рунда на санкции против 14 руски државјани и 8 други лица во различни делови на светот, како дел од новиот глобален режим за борба против корупција. Руските државјани се санкционирани поради кражба на 230 милион американски долари преку измама со данок. Нивните сметки во Британија им се замрзнати и им е забранета посета на Британија.
„ Со нашиот Глобален пристап за заштита на човекови права, антикорупциските санкции не се наменети за цели земји или народи, туку само за поединци кои треба да преземат одговорност за нивните коруптувни дела“ изјави денеска британскиот министер за надворешни работи Доминик Рааб, при објавувањето на првиот пакет санкции.
Меѓу санкционираните руски државјани е Дмитриј Клујев кој е сопственик на Универзална Банка во Русија.