Гласањето трговскиот договор меѓу ЕУ и Британија е додадено на дневниот ред на денешната пленарната седница, соопштија официјални претставници на парламентот. Европратениците ќе одржат дебата и гласање за согласност придружено со резолуција, само четири дена пред крајот на привремениот период кои истекува на 30 април.
Членките на ЕУ го одобрија трговскиот договор за Брегзит
Комисиите за надворешни работи и трговија на Парламентот веќе гласаа „за“ договорот, отворајќи го патот за негова очекувана ратификација на пленарната седница. Договорот, кој веќе е ратификуван од Британија, условно стапи на сила на 31 декември 2020 година.