ЕУ и Иран ги продолжуваат разговорите во Виена

Разговори Иран-Запад во Виена за обнова на нуклеарниот договор

Разговорите во Виена со цел заживување на нуклеарниот договор со Иран од 2015 година ќе продолжат денеска, соопшти Европската унија. Станува збор за последната од неколку рунди разговори за враќање на САД во договорот и за убедување Техеран да стави крај на своите прекршувања. Иран, Британија, Кина, Франција, Германија и Русија се состанаа во Виена за да се договорат чекорите што ќе бидат потребни доколку договорот, кој беше напуштен од поранешниот американски претседател Доналд Трамп, во 2018 година, повторно заживее.

Први разговори меѓу САД и Иран - во ист град, но не и во иста соба

Делегација на САД е на посебна локација во Виена, бидејќи Иран ги отфрли директните разговори. Во првите два круга, европските страни во договорот изјавија дека забележале напредок, но дека е потребна многу повеќе работа.