Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот француски колега Емануел Макрон денеска разговарале за ситуацијата во источна Украина и за затворениот опозициски политичар Алексеј Навални, соопшти Кремљ.
Според соопштението, Путин го свртел вниманието на Макрон кон „провокативни активности“ што Киев ги спроведува во источна Украина.
Путин и Макрон, како што наведува Кремљ, ја потврдиле нивната намера да продолжат со соработката во таканаречениот формат Нормандија за решавање на ситуацијата во Украина. Таканречениот формат „Нормандија“ кој е составен од лидерите на Украина, Русија, Германија и Франција одржува состаноци од 2014 година.