ЕУ порачува: Прашањето за границите на ЗБ е засекогаш затворено

илустрација

Официјални претставници на Европската унија (ЕУ) изјавија дека прашањето за границата на Западен Балкан е „затворено прашање“.

„Позицијата на ЕУ во врска со ова прашање е добро позната. Ние сме апсолутно против каква било промена на границите. Ова е нешто што можеме да го затвориме еднаш и засекогаш “, рече портпаролот на Европската комисија (ЕК), Ерик Мамер.

Неговата изјава следува откако беше прашан за таканаречениот „нон-пејпер на Јанша“, за кој регионалните медиуми претходно известуваа, а според кој словенечкиот премиер Јанез Јанша испратил документ до седиштето на ЕУ, во кој се тврди дека распадот на поранешна Југославија не е завршена работа.
Портпаролот на ЕК повтори дека „никој никогаш не го видел овој нон-пејпер“ во европските институции, ниту дека такви идеи постојат на европско ниво.

„За сите можни документи што пристигнале или ќе пристигнат - нашата позиција во врска со ова прашање (промена на границата) е крајно јасна“, рече Ерик Мамер, портпарол на ЕК.

Рот: Цртањето нови граници е опасен пат

Јанша одбива да го коментира „нон-пејперот“ за Западен Балкан

Инаку според регионалните медиуми, „нон-пејперот на Јанша“ наводно зборува за прекројување на границата меѓу Србија и Косово, а се предвидува и можност за отцепување на Република Српска, припојување на делови од Црна Гора и Северна Македонија со албанското мнозинство кон Албанија и припојување на делови од БиХ, и западна Херцеговина кон Хрватска.