Фондацијата за борба против корупција (ФБК) на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални се очекува да се соочи со прелиминарно судско сослушување, бидејќи московските обвинители ja нарекуваат „екстремистичкa“, бидејќи владата продолжува да врши притисок врз поддржувачите на критичарите na Кремљ.
ФБК во твитот објавен на 26 април напиша дека прелиминарните разговори со групата во врска со случајот ќе се одржат во текот на денот, а официјалното рочиште е закажано за 29 април, пишува редакцијата на Радио Слободна Европа на англиски јазик.
"Она што е важно тука е дека никогаш нема да ги дознаеме деталите за обвиненијата против нас. Сите докази во овој случај се класифицирани како државна тајна", соопшти ФБК.
Апсењето во јануари и последователното затворање на Навални за, како што се претпоставува, фабрикувани обвинувања, ги влоши веќе затегнатите односи меѓу Русија и Западот, кои беа тензични по анексијата на украинскиот полуостров Крим во 2014 година и поттикнувањето на сепаратизам во поголем дел од Украина, кој придонесе повеќе од 13.000 луѓе да ги загубат своите животи во Донбас, каде силите поддржани од Москва ги држат териториите на двете провинции.
ФБК со години спроведуваше видео истраги кои го откриваат необјаснивото богатство на највисоките функционери, вклучувајќи го и претседателот Владимир Путин.
Навални го прекинува штрајкот со глад
Со последниот потег, кој го презеде канцеларијата на обвинителството во Москва на 16 април, Обвинителството се обидува да ги оквалификува ФБК и две други организации поврзани со Навални - Фондацијата за заштита на правата на граѓаните и регионалното седиште на Навални, како „екстремистички“. Од Обвинителството се наведува дека организациите се „ангажирани во создавање услови за дестабилизација на социјалната и социо-политичката состојба под маска на нивните либерални пароли“.
Предлогот веднаш беше осуден од меѓународните и домашните групи за човекови права, кои сметаат дека ако организациите на Навални официјално бидат признати како „екстремистички“, сите нивни вработени може да се соочат со апсење и затвор од шест до 10 години.