Кинеската режисерка Клои Жао влезе во историјата на доделувањето на Оскарите со освојување на Оскар за најдобра режија. Жао, која победи за нејзиниот филм Номадленд, е првата Азијка и само втора жена што некогаш го однела трофејот. Поминаа 11 години откако Катрин Бигелоу стана првата жена што го освои Оскарот за најдобар режисер за филмот The Hurt Locker, драма поставена во војната во Ирак. Победата на Жао беше потврдена и откако Номадленд доби Оскар за најдиобар филм.
Босански филм номиниран за Оскар во категоријата за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје
Меѓу доделените рани награди, Јун Јух-џунг го освои Оскарот за најдобра споредна актерка за нејзината улога како баба бајачка во Минари. 73-годишната Јун е првиот јужнокорејски актер или актерка што освои Оскар. Британецот Даниел Калуја беше прогласен за најдобар спореден актер за улогата на активистот за „Црниот пантер“ Фред Хамптон во филмот „Јуда и црниот месија“. Филмот Соул, на Пиксар е најдобриот анимиран филм, а данската мрачна комедија „Уште една рунда“ беше прогласен за најдобар меѓународен игран филм. Британскиот актер Ентони Хопкинс го освои Оскарот за најдобриот актер. Ова е втор Оскар за 83 годишниот Хопкинс за улога како човек со деменција во филмот „Таткото“. Тој не присуствуваше на церемонијата. Со оваа победа, Хопкинс стана најстариот актер што некогаш освоил Оскар.
„Врба“ на Манчевски во американски поход
Френсис Мекдорманд го освои нејзиниот трет Оскар за „Номадленд“, зацврстувајќи ја нејзината репутација како една од најдобрите актерки од нејзината генерација. Победата на Мекдорманд ја прави член на елитен клуб кој ги вклучува Мерил Стрип, Даниел Деј Луис и Џек Николсон како добитници на три актерски Оскари. Покојната Катарин Хепберн освои рекордни четири. Во „Номадленд“, 63-годишната Мекдорманд игра вдовица која, во екот на економската рецесија во САД, го претвора своето комбе во подвижна куќа и тргнува на пат.