Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ се согласија за новиот нацрт закон за климата со кој ќе се намалат емисиите на стакленички гасови за најмалку 55 проценти до 2030 година. Претставниците на 27-те влади, Европскиот парламент и Европската комисија постигнаа договор денеска изутрината по повеќемесечни преговори. „Ова е значаен момент за ЕУ и силен сигнал до светот: нашата посветеност на климатски неутрална ЕУ ќе ги води нашите политики во следните 30 години“, напиша на Твитер потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс кој е одговорен за климата.
САД и ЕУ ја обновуваат соработката за климатските промени
Владите и парламентот на ЕУ сепак ќе мора официјално да го одобрат законот, но политичкиот договор сугерира дека тој ќе напредува и покрај противењето на Зелените дека тој не оди доволно далеку. Новата цел е зголемување од сегашната цел на намалување на емисиите што предизвикуваат глобално затоплување. Во меѓувреме, се очекува САД да објават нови цели за намалување на стакленички гасови кога претседателот Џо Бајден ќе биде домаќин на виртуелниот самит за климата на 22 април. Бајден покани 40 светски лидери да се состанат на Денот на планетата Земја, откако поранешниот претседател Доналд Трамп излезе од Париските климатски договори.