Русија ги отфрли критиките за одлуката за ограничување на пловидбата близу Крим

Воени вежби со бродови на НАТО, Црно море

Русија објави дека има право да ја ограничи навигацијата на странски воени бродови во Црното Море во близина на Крим, отфрлајќи ги обвинувањата на Украина и Западот. Украина протестираше минатата недела во врска со затворањето на Русија на големи делови на Црното Море во близина на Крим за странски воени бродови до ноември. Зачера и САД изразија загриженост за одлуката. Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс рече дека тоа „претставува уште една неиспровоцирана ескалација во тековната кампања на Москва за поткопување и дестабилизација на Украина“.Прајс рече дека потегот е особено „загрижувачки заради веродостојни извештаи за акумулација на руски трупи на Крим и околу украинските граници“.

Бајден и Меркел ќе побараат од Русија да ги намали трупите на украинската граница

Европската унија исто така изрази загриженост за големиот број руски војници и ограничувањата на навигацијата. Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков рече дека ограничувањата на странските воени бродови се во согласност со меѓународните договори, истакнувајќи дека таквото ограничување е вообичаена практика каде се одржуваат воени вежби. Тој рече дека ограничувањата нема да ја попречуваат трговската навигација. Русија исто така најави дека од воведува петдневна забрана за летање во воздушниот простор околу Крим. Оваа недела Русија одржува големи маневри во Црното Море. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека ваквите затворања на воздушниот простор се вообичаена меѓународна практика. Тензиите се зголемија во последните неколку недели со сè повеќе кршење на примирјето во источна Украина и акумулација на руски единици долж украинската граница.