Чешка ги повика колегите членки на Европската унија и НАТО на „солидарна“ акција за поддршка, во услови на дипломатски препукувања меѓу Прага и Москва во врска со тврдењата на Чешка дека руски воени агенти стојат зад смртоносната експлозија во чешкото складиште за оружје во 2014 година.
Американскиот амбасадор во Москва се враќа на консултации во Вашингтон поради зголемените тензии
„Повикуваме на колективна акција од земјите на ЕУ и НАТО насочени кон солидарно протерување“, рече чешкиот министер за надворешни работи Јан Хамачек денеска, откако претходно 18 руски дипломати идентификувани од чешките разузнавачи како разузнавачки оперативци ги напуштија своите места во Прага.
По ова и 20 Чеси вработените во амбасадата во Москва исто така беа принудени да заминат.
Шефовите на дипломатиите на ЕУ за вмешаноста на Русија во експлозиите во Чешка
Хамачек пред новинарите изјави дека го повикал рускиот амбасадор Александар Змејевски да протестира против она што Прага го смета за непропорционален одговор. „Логично е доколку Чешка преземе понатамошни активности, рускиот амбасадор мора да биде првиот што ќе го слушне тоа“, рече министерот.
Кремаљ ги отфрли „неоснованите обвинувања“ на Прага и ги нарече чешките потези „неразумни и штетни за билатералните односи“.