Австрија денеска соопшти дека планира до август да испрати 651.000 дози на вакцина против коронавирусот на Бионтек/Фајзер во шест земји од Западен Балкан, како дел од програмата на Европската унија за помош на соседните земји и Африка. Тие ќе бидат дистрибуирани од почетокот на мај според тоа на кои земји им се најпотребни. Босна и Херцеговина ќе добие најголем дел од вакцините – 240.000 дози, следена од Албанија 145.000 и Северна Македонија 119.000. Србија ќе добие 36.000 дози. Европската комисија во јануари ги објави плановите за механизам за споделување вакцини.
ЕУ наскоро ќе испрати 650.000 вакцини за Западен Балкан
Австрија соопшти дека ќе дејствува како координатор на механизмот за Западен Балкан и дека по првата распределба на дозите може да следува и втора. „Со оваа иницијатива покажуваме дека не го оставаме регионот настрана“, изјави австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг на прес-конференција. Според него, овие дози не доаѓале од националната квота. „Ова се дозите што ЕУ експлицитно ги зачува на почетокот со цел да им ги испрати на своите партнери“, потенцираше австрискиот министер.