Северна Македонија во најновиот Светски индекс за слободата на печатот што денеска го објави организацијата Репортери без граници, е на 90 местото на табелата со индекс 31,67. Со тоа земјата е рангирана во портокаловата зона односно во групата земји кои имаат проблематична средина за слободата на печатот. Во претходниот извештај на Репортери без граници Македонија беше на 92-то место. Од регионот најдобро е пласирана Хрватска на 56 место. Босна и Херцеговина е на 58, Косово на 78, Унгарија на 92, Србија на 93, Црна Гора на 104 и Бугарија на 112 место.
Репортери без граници со препораки до Бугарија
Инаку, Светскиот индекс за слобода на печатот во 2021 година, покажува дека новинарството, главната вакцина против дезинформации, е целосно или делумно блокирано во 73% од 180 земји рангирани од оваа организација. Попрецизно новинарството е тотално блокирано или сериозно попречено во 73 земји и ограничено во 59 други, што заедно претставуваат 73% од оценетите земји. Податоците за Индексот, кои ги мерат ограничувањата за пристап до информации и пречките за покривање вести, ги потврдуваат обидите и мерките за блокирање на новинарството. Релевантниот индикатор покажува драматично влошување. Пандемијата на коронавирусот се користи како основа за блокирање на пристапот на новинарите до изворите на информации и известувањето на теренот, се вели во извештајот.