Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери во врска со двајцата пратеници позитивни на Ковид-19 кои гласаа на 32. и 36. седница, изјави дека се консултирал со многу лица пред да донесе таква одлука за одржување на седниците и дека двајцата пратенци немале контакт со ниту едно лице во зградата на Парламентот.
Коментарите на Џафери доаѓаат откако владејачкото мнозинство донесе одлука на двете седници одржани во неделата на 18 април, да присуствуваат двајца пратеници позитивни на Ковид-19, по што настана тензија во Собранието.
На една од седниците пратенците гласаа за законските решенија за петтиоит пакет мерки, со кој треба да добијат државна помош 20 илјади компании и околу 150 илјади граѓани поради кризата од епидемијата на Ковид-19.
Џафери вели дека на двајцата пратеници им било дозволено да присуствуваат на седниците повикувајќи се на Протоколот за спроведување на мерките со Ковид-19 од ноември минатата година прифатени од државната надлежна комисија.
„Протоколот е донесен на 30 јули 2020 година, го потпишав додека бев во болница. Тој протокол беше претставен како целина пред државната Комисија за здравство и тој протокол таму е усвоен и добил пас и ја организиравме конститувната седница. Во моментот кога требаше да ја избереме Влада, Арбен Зибери пријави дека има симптоми, во меѓувреме знаете дека дадовме опзицја да се размисли за онлјан работа на Собранието. Ни под разно не прифаќаа од опозицијата, рече Џафери.
Тој додава дека дополнувањето на овој протокол им бил претставен на координаторите на пратеничките групи од опозицијата.
Инаку, за гласањето во Собранието на двајцата пратеници позитивни на Ковид-19, пратениците од опозицијата рекоа дека претседателот на Собранието направил кривично дело и дека го ставил во ризик целото Собрание. Тие најавија дека ќе поднесат кривични пријави.
Од парламентарната група на ВМРО-ДПММНЕ соопштија дека утре ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство за вчерашните настани во Собранието, кога беше дозволено двајца пратеници позитивни на ковид -19 во скафандери да присуствуваат и да гласаат за точки од дневен ред на две седници.