Препорака рестриктивните анти-ковид мерки да траат уште една недела

Вакцинација против ковид-19 во Спортски центар „Борис Трајковски“ во Скопје - 5 април 2021

Од Комисијата за заразни болести донеле препорака за продолжување на рестриктивните мерки во наредните седум дена, велат од Комисијата за МИА.

На 6 април Владата воведе нови рестриктивни мерки со кои полицискиот час започнува од 20 трае до 5 часот, а од 7 април угостителските објекти се затворени за гости. Затворени беа и салите за вежбање, не се одржуваат семинари и обуки, а обложувалниците и казината работат со посебни протоколи. Рестриктивните мерки требаше да траат до 20 април.

Владата утре на седница ќе ја разгледа денеска донесената препорака од Комисијата за заразни болести, а што ја разгледа и Кризниот штаб, за продолжување на рестриктивните мерки.